[Аудио] Нова епизода од „Мегафон“ за узурпација на приватност и заштита на лични податоци

Новото издание на радио-емисијата „Мегафон“ го посветивме на „Големиот брат“ во Македонија – узурпацијата на нашата приватност и заштитата на нашите лични податоци.

На тема за скандалот со прислушувањето зборуваа истражувачките новинарки Мери Јордановска и Сашка Цветковска, Бојан Маричиќ од „Евротинк“, а деканот на Машински факултет Дарко Данев е дел од прилогот за случајот со илјадниците студентски податоци кои „протекоа“ преку електронска пошта.

Исто така, разговаравме и со Елена Накова и Дамјан Георгиевски од „Слободен софтвер“ за иницијативата за промена на матичните броеви и превенција за следење на интернет и телефон.

За заокружување на емисијата, проследете ја и дебатата во студио со Мирослав Драганов од Институт за човекови права, Бојан Георгиевски од Институт за комуникациски студии и Лилјана Пецова – Илиеска – Дирекција за заштита на лични податоци.