Ние и Владата треба да имаме план за кога ќе врне снег и кога ќе имаме жени и деца кои ќе спијат под отворено небо, со снег или дожд. Решение не треба да бараме тогаш, туку треба да имаме подготвено план уште отсега, вели претставникот на УНХЦР во земјава Мохамад Ариф во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
„Ние мора да се подготвиме од сега, не од сега, туку требаше претходно да бидеме подготвени, за која било случајност. Ако нешто тргне погрешно и вие имате заглавени луѓе, вие ќе добиете притисок од границата, ќе добиете поголем број на луѓе, дали сме ние способни, дали е владата способна да се справи со поголем предизвик ако дојде, на начин на кој нема да се дозволи луѓето повеќе да страдаат. Ако врне дожд, ако врне снег и има лоши временски услови, и условите едноставно не се добри и вие сте соочени со предизвик, ние не сакаме да бидеме изненадени“, вели Ариф.