Анима Мунди: Трајановски го игнорира нашето барање за затворање на Вардариште

Од здружението за заштита на животните Анима Мунди велат дека градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, повеќе од два месеци во целост го игнорира нивното барање за средба на која здружението сака да разговара за затворање на, како што велат, грозоморното место каде што масовно се убиваат бездомните кучиња, стационарот Вардариште.

„На 17 март годинава електронски доставивме допис до градоначалникот со две барања:

Да се затвори стационарот додека не запре убивањето на кучиња и не се создадат услови за целосна промена на концепцијата на неговото работење, и

Да се вклучат претставници на здруженијата за заштита на животни во управувањето на стационарот, се вели во соопштението.

Интернет-петицијата за затворање на Вардариште досега ја потпишаа 12.000 лица.

Доколку вашиот иритантен однос продолжи, Вие секогаш ќе бидете поврзуван со суровоста што ја покажа овој град кон кучињата, зошто имате законски надлежности и можности да постапувате поинаку. Ваквиот однос прави Скопје да биде обележан како примитивен и насилен град, кон животните, природата, кон она што дише и кон сè што е живо.
Затворете го Вардариште, зошто вакво какво што е, претставува синоним на страдање и смрт и не го решава проблемот со прекубројноста на бездомните кучиња, а троши народни пари. Затворете го зошто ни го срами градот. Затворете го зошто граѓаните го бараат тоа.
Во спротивно, најавуваме бројни други активности преку кои порано или подоцна ќе ја оствариме нашата цел. Ветуваме пред јавноста – ќе ги спасиме кучињата кои сè уште се живи, а веќе убиените во Вардариште нека одат на Вашата совест“, се вели во обраќањето на Анима Мунди до градоначалникот Трајановски.

Иницијативата на Анима Мунди за затворање на Вардариште ја поддржуваат:

АНИМАЛИА – Здружение за заштита на животни, Охрид
ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ – Здружение за заштита на животни, Велес
МАЛИ ХЕРОИ – Здружение за заштита на животни, Битола
ANIMAL WORLD – Здружение за заштита на животни, Струга
ВТОРА ШАНСА – Здружение за заштита на животни, Кочани
Е.Д.Е.Н. – Здружение за заштита на животни и животна средина, Скопје
ФАУНА – Здружение за заштита на животни и животна средина, Струмица
СПАСИ ЖИВОТ – Здружение за заштита на животни, Штип
Macedonian Owl Trust – Здружение за заштита на бувовите на Македонија
ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РМ
МЕЃАШИ – Прва детска амбасада во светот
ЦИВИЛ – Центар за слобода
Center for Civic Initiative
АГРО-ВИНКА – Здружение на жени земјоделки, Виница
МЕСЕЧИНА – Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите, Гостивар
СТАР – Иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници
КОАЛИЦИЈА „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
ОРГАНИЗАЦИЈА ОРТ – Обука за одржлив развој
АКЦИЈА ЗДРУЖЕНСКА – Здружение за унапредување на родовата еднаквост
БЕСТ -Борд на Европски Студенти по Технологија
ЛИЦЕ В ЛИЦЕ – Регионална платформа за активизам
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИ ОД СТРУМИЦА
СФЕРА МАКЕДОНИЈА
ARTISTIC ACCESSORIES “GOBLEN”
МЕТА.МК – Новинска агенција
ЗОРБА КОНСАЛТИНГ – Центар за применета психологија
ИНСТИТУТ ЗА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА – Скопје
FRIK Cultural Initiatives development Formation