Анима Мунди апелира да не се фрлаат петарди, животните може да доживеат срцев удар

Вечерва граѓаните во целиот свет ќе го прослават крајот на 2016-та и дочекот на Новата година. Но, за време на прославата не треба да се заборави и на уличните животни, велат од Анима Мунди.

Здружението во изминатиот месец покрена кампања на социјалните мрежи, каде се споделуваат важни факти за тоа како пиротехничките средства можат штетно да влијаат по здравјето на овие животни.

Анима Мунди ги замолува граѓаните да не фрлаат петарди во близина на животни, бидејќи може сериозно да ги повредат.

„5 000 домашни миленичиња годишно умираат од срцев удар предизвикан од пукање петарди“, стои во еден од апелите на социјалните мрежи.