28 книги во трка за „Роман на годината“

Фондацијата „Славко Јаневски“ соопшти дека 28 книги официјално се прифатени да учествуваат во изборот „Роман на годината“. Добитникот на наградата ќе биде соопштен до 15 март.

Фондацијата  ја продолжи традицијата на доделување на наградата „Роман на годината“ што ја доделуваше сега веќе згаснатиот „Утрински весник“. Станува збор за една од најрелевантните литературни награди кај нас, која, велат од Фондацијата, придонесе многу за расцутот и новата пролет на македонската романсиерска продукција.

Во продолжение е списокот на романи што влегоа во официјална конкуренција:

1. „Крадец на воздишки“ – Александар Алексов, самостојно издание
2. „Некои бладања од војната “ – Митко Апостолов, „Култура“
3. „Круг“ – Димитар Башевски , „Слово“
4. „Патешествие низ виденијата на апостол Јован“- Мите Гошев, самостојно издание
5. „Манастир Фуентерабија“ –Јагода Михајловска Георгиева, „Три“
6. „Заспаните убавици“ – Сашо Димовски, „Култура“
7.„Се врати каде што припаѓаше“ –Марија Ѓорѓиоска, „Макс Поинт“
8. „Се гледаме наскоро Е.“ – Драгана Евтимова, Владимир Лукаш, „Антолог“
9. „На брегот на Еуфрат“ – Родна Јанчева, самостојно издание
10.„Палмата“ – Марија Митруловска, самостојно издание
11. „Љубовникот на Ленин“- Блаже Миневски, „Матица македонска“
12.„Се буди ѕверот“ – Велко Неделковски, „Антолог“
13.„Пешаци по црни полиња“- Оливера Николова,„Матица македонска“
14.„Емигрантка“ – Ирена Павлова де Одорико, „Феникс“
15 „Одбројување“ – Фросина Пармаковска, „Или – или“
16. „Безимениот“- Петар Петрески, „Панили“
17. „Земјотрес 05:17“ – Владимир Плавевски, „Македоника литера“
18. „Романот за тајната книга„ –Јордан Плевнеш,Маја Јакимовска Тошиќ, „Магор“
19. „Апокалипса.мк“ –Бранко Прља, „Готен“
20. „Tајното братство “- Мимоза Ристова, самстојно издание
21. „Диссомнии“- Игор Станојоски, „Антолог“
22. „Граница“ – Луан Старова, „Три“
23. „Ананка“ – Јусуф Сулејман, „Антолог’
24.„Попатно“ – Влада Урошевиќ, „Магор“
25. „Лузна“ – Јанко Филиповски, самостојно издание
26. „Годините кога научив да летам“, Евгениј Хоуп, „Матица македонска“
27. „Војници со гумени чизми“, – Ивица Челиковиќ, „Три“
28.„Пред шарена врата“ – Крсте Шутиновски, самостојно издание