15 дена окупација – денешната програма на автономните зони

Студентскиот пленум ја објави програмата за денешните настани во автономните зони. Во очекување на нивниот став дали окупацијата ќе продолжи по вчерашната средба со владините претставници на која беше договорено носење нов Закон за високо образование, проследете ги денешните активности во автономните зони на: Филозофски/Филолошки факултет,  ФЕИТ/МФ, Архитектонски/Градежен, ПМФ, како и на Техничкиот факултет во Битола.

Автономна зона на Филозофски/Филолошки

12:00 – 13:00 – Ангелина Бановиќ – Перформансот како чин на отпор @A3
13:00 – 14:00 – Искра Пановска Димкова – „Шу прајш“– Изговор @A3
14:00 – 16:00 – Елизабета Шелева – „Бунтовниот глас на популарната култура – проекција и дискусија за документарниот филм за Виктор Хара @ A3
17:00 – 18:00 – Автономна зона на слободната совест – АКСЦ, отворена дискусија @ Аула
20:00 – 22:00 – Марко Стаменковиќ (Србија) „Теророт на општеството на позитивноста и етиката на среќата“ – предавање и дискусија со уметниците од Иницијатива Кооперација @А3
21:00 – 21:30 – Ивана Атанасова – „Ќе има војна“ @Аула

Автономна зона на ФЕИТ/МФ:

10:00-12:00 – Локален пленум
14:00 … дебата на тема: „Режим на исхрана: Контроверзен тренд или потреба? “
*ГМО, gluten-free, вегетаријанство…
14:30-.. – работилници за предмети од прва година
16:00 – проекција на филм
19:00-… – турнир во табла, шах – просторија 110
*секој што е во можност да донесе табла или шах
19:30 .. –Stay Tuned

Автономна зона на Архитектонски/Градежен:

10:00-12:00 – локален пленум АФ/ГФ @ амф ГФ
12:00-14:00 – проекција: ‘THE FINLAND PHENOMENON’
Снежана Домазетовска @ амфи АФС
14:00-15:00 – Изложба на слики од работилницата ‘Социјалниот аспект во архитектонската фотографија’ @ коридор кај ГС
15:00-18:00 – креативна работилница ‘3D оригми & модуларни оригами’@ ГС
18:00-20:00 – ‘Дистописки визии: серија филмски вечери со дискусија’ Тони Димитров @ амфи АФС
18:00-21:00 – Турнир во пинг-понг @ сала за пинг-понг
21:00- …. Monty Python маратон @ предавална 312 на АФС/амфи АФС

Автономна зона на ПМФ:

10:00-11:00 проф. д-р Оливер Зајков – Кратки демонстрациони вежби. @Физички амфитеатар
11:00-13:00 проф. д-р Златко Левков – „Примена на дијатомеи во форензика”
@Физички амфитеатар
13:00-14:00 проф. д-р Сузана Д. Ковкаровска – „Последната измена во законот за високо образование”

Автономна зона на Техничкиот факултет во Битола