ЗЗРП: Парите за новогодишно украсување да се пренаменат за здравствениот сектор

*Радио МОФ го отстрани овој текст од нашата платформа, поради тоа што и покрај неколку обиди, не успеавме да стапиме во контакт и да го верификуваме постоењето на „Здружението за заштита на работничките права (ЗЗРП)“ во чие име беше испратено ова соопштение.

Иако тврдењата во него беа легитимни и се однесуваат на трошењето јавни пари во време на пандемија, а името на ова здружение се споменува и во претходни тестови кај повеќе медиуми вклучувајќи ја и Македонската информативна агенција МИА, сепак, Радио МОФ како медиум кој се се бори против дезинформациите, го повлече текстот.  

Радио МОФ и во иднина ќе продолжи да објавува точни и проверени информации и да се бори против дезинформации и манипулации, почитувајќи го Кодексот на новинарите. Промената е направена на 10 ноември, 2020.