ЗОО Скопје: Мечките ќе добијат ново живеалиште после 60 години со средства од спонзори

Мечките во скопската зоолошка градина ќе добијат ново живеалиште после 60 години, информираат надлежните. Оттаму велат дека нивните живеалишта, кои се сместени во централниот дел од зоолошката, се многу стари.

„Сакаме да им направиме нов простор по сите стандарди, каде што мечките ќе живеат во што поприродна и поголема животна средина“, велат од ЗОО Скопје.

Тие изминативе две ипол години барале соодветно решение, a од неодамна започнале нов проект чија изградба ќе чини околу 50 000 евра. Финансиите е најавено да ги обезбедат спонзори.