ЗНМ: Награди за Томислав Кежаровски и Никола Младенов

Здружението на новинари на Македониjа вечерва, по повод 68 години од неговото формирање, на новинарот Томислав Кежаровски ќе му ја додели наградата за истражувачко нoвинарство за 2013 година, објави Нова Македонија.

ЗНМ: Награди за Томислав Кежаровски и Никола Младенов

Наградата за животно дело, според информациите на весникот, ќе му биде доделена на загинатиот новинар Никола Младенов, кој беше основач и сопственик на неделникот Фокус.

ЗНМ: Награди за Томислав Кежаровски и Никола Младенов

Кежаровски, кој е во домашен притвор, беше приведен на 28 мај 2013 година поради наводно откривање идентитет на заштитен сведок во случајот „Ликвидација“. Поради неговото приведување и изречената казна од четири и пол години затвор, која сѐ уште не е правосилна, реагираа речиси сите релевантни домашни и странски новинарски здруженија. Барањата беа тој да се брани од слобода, а оцените сега се дека изречената казна е превисока.

Како дел од редакцијата на „Нова Македонија“, Кежаровски работеше истражувачки теми, а една од нив беше поврзана со истрагата за смртта на новинарот Никола Младенов.