Знаењето на учениците во Сингапур нема да се вреднува со тестови и оценки, туку со квизови и дискусии

Сингапур одамна е лидер во образовните реформи, нудејќи поинаков пристап кон учењето.

Дискусиите, домашните задачи и квизовите ќе ги заменат оценките како метод за собирање информации за успехот на учениците во основно училиште. Од годинава, нема да има тестови за децата од прво и второ одделение. Поголемите ученици од основно и средно образование, пак, ќе учат во помалку конкурентна средина.

Оцените за секој предмет ќе бидат заокружени до најблискиот цел број, без децимали, за да се намали акцентот на академскиот успех.

„Учењето не е конкуренција”, вели Онг Је Кунг, министер за образование на Сингапур. Министерството за образование планира серија измени насочени кон намалување на споредбите помеѓу учениците и охрабрување на поединците да се концентрираат на сопствениот развој на учењето.

Новиот пристап на Сингапур кон образованието е сосема спротивен на соседните држави каде оценките играат голема улога.

Државата со години ги предводи светските листи за тестирање. За споредба, Велика Британија е на 22-то место во рангирањето, додека САД се рангираа на 30-то место.

Новите политики имаат за цел да го поттикнат социјалниот развој меѓу учениците за да се подигне свеста за себе и да се градат вештини за донесување одлуки.

Однесувањето и праксата во училницата, пак, се усогласуваат со потребите на локалниот пазар на труд.