Зелено еколошко знаме за средното училиште „Георги Димитров“

Зелено еколошко знаме за средното училиште „Георги Димитров“Денот на пролетта во СУГС „Георги Димитров“ во Скопје се одбележа со поставување на Зелено еколошко знаме, што оваа еко-училиште го добива по вторпат, објави Нoва Македонија.

Училиштето организираше повеќе еколошки активности како: собирање стара хартија, изложба на ликовни творби на тема екологија, како и на дела направени од рециклирачки материјали. Се одржаа и едукативни работилници и разни презентации, а беа засадени и цветни садници за разубавување на училишниот двор.

„Зелено знаме“ им се доделува на основни и средни училишта кои успешно ја интегрирале еколошката едукација во својата школска програма.

Со сите овие реализирани активности СУГС„Георги Димитров“ е пример за високо развиена свесност од областа на екологијата, бидејќи во оваа образовна установа, освен едукацијата се реализираат многу проекти кои заедно ги иницираат и спроведуваат тимот од наставници и ученици и членовите на еко-одборот, пишува весникот.

Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ ја спроведува Министерството за образование и наука, во соработка со Швајцарската агенција за развој и здружението за едукација, консалтинг и комуникација ОХО, со цел да се издигне свеста за заштита на животната средина кај младите.

Извор: Нова Македонија