Здружението „Раст“ утре го одбележува „Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата“

Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања  „Раст“, утре (20 септември) по седми пат ќе се придружи на глобалната иницијатива за одбележување на „Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата“. Настанот е најавен на Плоштадот „Македонија“, (пред фонтаната Воинот на коњ), со почеток во 11:00 часот каде се поканети сите што сакаат да дознаат повеќе информации околу нарушувањата на растот.

Од „Раст“ информираат дека во земјава е одобрена е бројка од 100-110 деца кои можат да се лекуваат со хормон за раст. Децата пред да започнат со лекување  очекуваат кога ќе се ослободи место од постоечките деца на терапија (дете кај кое веќе растот е завршен, а  со тоа и лекувањето е завршено)  за да започнат со своето лекување. Алармираат дека времето на чекање е различно долго, а најдобри  резултати од лекувањето се постигнуваат кога дијагнозата ќе се постави навремено и кога соодветно ќе се започне со терапија во раните годините од претшколска возраст, континуирано без промена и без ден пауза.

„Овој Светски ден повторно го посветуваме на онаа голема група на деца кои сеуште чекаат до добијат право на лекување. Право кое им е загарантирано со законот, а никогаш не го добиваат поради покасно поставена дијагноза и долго поминато време на листата за чекање поради што стигнуваат до возарст кога веќе не може да се лекуваат бидејќи растот е завршен. Токму поради оваа причина Здужението покрена процес пред Народниот Правобранител“, велат од „Раст“.

20 -ти Септември – Светски ден за подигнување на свесноста за растот!!!Ви посакуваме многу здравје, ние членовите на Здружение РАСТ!!!

Posted by Здружение на граѓани РАСТ on Saturday, 19 September 2020

Светското искуство говори дека децата со нарушувањата на растот се соочуваат со многу сериозен проблем кој се состои во касно поставување на дијагноза и последователно ненавремено лекување. Ненавременото лекување на ова заболување доведува до сериозни последици со кои во иднина како возрасни индивидуи ќе мора да се носат со товарот – заболувањето кое е навидум едноствно и визуелно поврзано со низок раст, но суштински со сериозна основа во позадина и уште посериозни последици.

„Проблемот е во тоа што што децата многу касно се препратени кај специјалист педијатар ендокринолог за подетална анализа и точна дијагноза. Загриженост за висината обично се случува кога децата веќе ќе бидат во понапредна возраст, најчесто во повисоките одделенија во основното образование и кога висината е многу важна во склоп на целокупниот физички изглед. Во овој период децата посветуваат големо внимание на сопствениот изглед и соодветно на тоа поставуваат прашања до своите родители и старатели. Кога детето ќе стигне до еднокринолог педијатар и ендокринолог за возрасни, дијагнозата без потешкотии се поставува, но веќе е многу доцна. За поголем дел од нарушувањата на растот за лекување е веке доцна затоа што детето е при крај на растот или пак веќе го завршило својот раст“, укажуваат од „Раст“ од каде преку бројни кампањи и активности успеваат позитивно да делуваат границата на поставување дијагноза на нарушен раст да се промени кон помала возраст.