Завршна изложба на меѓународната графичка работилница „Софија“

Завршната изложба на осмата Меѓународна графичка работилница „Софија“ ќе се одржи денеска, 3-ти септември во Богданци.

На изложбата ќе бидат претставени делата што во изминатите десет дена ги создадоа 12 уметници графичари од Македонија, Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина, кои учествуваа на годинешното издание на работилницата.

Свеченото затворање и завршната изложба, ќе се одржи со почеток во 20 часот во галерискиот простор на Печатница „Софија“ во Богданци.