Заврши зимскиот распуст – учениците се враќаат на настава

Училишните ходници и клупи денеска се исполнија со учениците кои се вратија на настава по тринеделниот зимски распуст.

Во второто полугодие од учебната 2019/2020, наставата продолжуваат да ја следат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои и околу 20 000 првачиња.

Наставниците се враќаат на работа со повисоки плати за 10 отсто по договорот што го склучија СОНК и Министерството за образование и наука.

Од ЈСП, пак, соопштија дека од денеска продолжува и важноста на ученичките бесплатни билети за користење на јавен превоз. Автобусите ќе сообраќаат по вообичаениот зимски возен ред кој досега беше редуциран поради зимскиот училишен распуст.