Завршен концерт на катедрата за балетска педагогија

Катедрата за балетска педагогија, насока за современ танц при Факултетот за музичка уметност – Скопје, на 7 јуни ќе одржи завршен концерт на кој ќе учествуваат студентите од сите четири години. Концертот ќе се одржи на малата сцена на МОБ со почеток во 20 часот.

На програмата се дела од наши реномирани кореографи и професори, Искра Шукарова и Игор Киров. По успешниот настап во Берлин со кореограф/ментор Шукарова, ќе земат учество и веќе дипломираните студенти Викторија Илиоска и Елена Ристеска со кратко дело.

„Овој настан е одлична можност за промоција на активностите на катедрата, но и поттик сите заинтересирани за упис на оваа реномирана уметничка институција да се запознаат со активностите на класата по современ танц и да го проследат финалниот резултат од годишните едукативни програми“, посочуваат од Факултет за музичка уметност – Скопје.

Почетокот на концертот е во 20 часот, а влезот е слободен.