Запрен е растот на јаглерод диоксид во атмосферата за 2014 година

Глобалното емитување на јаглерод диоксид од енергетскиот сектор престана да расте во 2014 година, за првпат во последните 40 години, во период на економски раст, соопштија од Меѓународната агенција за енергетика.

Како главен виновник за глобалното затоплување, емисијата на јаглерод диоксид изнесувала 32,3 билиони тони во 2014 година, исто колку и претходната 2013 година.

„Ова е добредојдено и значајно изненадување“ – изјави главниот економист на агенцијата, Фатих Бирол.

Целиот извештај агенцијата ќе го објави во јуни 2015 година. Во извештајот се обработени само земјите кои се членки на Организацијата за економска соработка и развој (OECD).

Прелиминарните резултати покажуваат дека напорите да се ублажат климатските промени можат да имаат поизразен ефект врз емисиите отколку што претходно се претпоставуваше, се додава во соопштението.
Успорувањето дојде благодарение на промена на моделите на потрошувачка на енергија во Кина и во земјите членки на OECD, се додава во соопштението.

Кина која е светски емитер на CO2 честичките, користи се повеќе обновливи извори на енергија во 2014 година, како што се хидроенергија, соларна и енергија на ветрот, што придонесува за помало користење на јаглен, велат од агенцијата.

Земјите членки на OECD во кои влегуваат и САД и неколку европски земји, прават интензивирани напори да бидат повеќе енергетски ефикасни и да користат поголем број на обновливи извори. Во изминатите 40 години, откако Париз се приклучи на агенцијата во почетокот од нафтената криза во 1973 година, емисијата на CO2 трипати се намалила или застанала. Сите три случаи биле поврзани со глобалната економска криза, во почетокот на 1980, 1992 и 2009 година.

„Ова ни дава поголема надеж дека човештвото ќе биде во можност да работи заедно во борбата против климатските промени, најголемата закана на денешницата“ – изјави Бирол.

Од агенцијата изјавуваат дека светот мора да продолжи да чекори кон намалување на јаглеродниот моноксид.

„Најновите податоци за емисиите се навистина охрабрувачки, но ова не е време за одмор и во никој случај не е време да се искористат овие позитивни настани како изговор да се одложат понатамошните дејствија“- изјави извршниот директор на Марија ван дер Хоавен.

Други научници предупредуваат да не се радуваме на оваа вест.

„Една година не е доволна.“- изјави Корин ле Куере, директорка на Универзитетот на Источна Англија, и Тиндал институтот за истражување на климатските промени. Корин не била вклучена во ова истражување.

„Јас би сакала да видам одржлива врска, на пример од 5 години, или барем детална анализа за она што се случува. Тоа е точно. Тоа може да биде врв и ние ќе се симнеме од тука. Тоа ќе биде прекрасно, но ние нема да го знаеме тоа уште неколку години. “

Клучната конференција за климатските промени во организација на Обединетите Нации, ќе се одржи во Париз во декември оваа година.

Со задача да се обидат да го ограничат порастот на глобалната температура до два степени Целзиусови (3,6 степени целзиусови) во текот на преиндустриското ниво на револуција, земјите до 31 март треба да ја објават нивната заложба за намалување на емисијата на стакленички гасови.

ЕУ и официјално усвои намалување на емисиите за 40% до 2030 година, додека во САД најавија дека планираат да ги намалат за 26 до 28 проценти од своите емисии во 2025година во споредба со тие од 2005 година.

Извор: Ал Џезеира