Започнува 12. Филмски фестивал во Загреб

Со дебитантскиот филм на српскиот режисер Вук Ршумовиќ, „Ничие дете“ вечерва во Загреб ќе биде отворен 12. Zagreb Film Festival. „Ничие дете“, кој се базира на вистинска приказна за „дивото момче од Травник“ кое во 1988 година е пронајден во планините во Босна и Херцеговина, триумфираше на „Неделата на меѓународната филмска критика“ во рамки на годинешниот Филмски фестивал во Венеција.

Започнува 12. Филмски фестивал во Загреб

Педесетина долгометражни и краткометражни играни филмови и 15 документарци во натпреварувачка конкуренција, придружните програми како „Големите 5“, „Библијада“, „Мојот прв филм“, „Коцкички“, „Првата светска војна на филм“, ретроспектива на Дeрек Јарман и фокус на данската кинематографија, работилници, изложби се само дел од содржините кои до 26 октомври ќе се случуваат на шест локации: кино „Европа“, кино „Тушканац“, Музејот на современа уметност, Загрепскиот куклен театар, Загрепскиот танцов центар и Докукино во Културно-информативниот центар.

Започнува 12. Филмски фестивал во Загреб

Меѓу филмовите во Главната програма се двократниот победник на Sundance, „Ритамот на лудилото“, францускиот „Девојка за забава“, етиопската драма „Храбра девојка“, потоа полскиот „Ида“, канадскиот „Мамо“ и рускиот „Левијатан“ (последните 3 се потенцијални кандидати за оскаровска номинација во категоријата Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје според прогнозите на Indiwire.com).

Започнува 12. Филмски фестивал во Загреб

Годинава во фокусот ќе биде данската кинематографија при што ќе бидат прикажани 15 дански филмови од најновата продукција, а меѓу гостите на хрватската премиера на филмот „Итси Битси“ на режисерот Оле Кристијан Мадсен се најавени и кралицата Маргарета II од Данска и принцот Хенрик.

Е.Д.