Започна проектот „Млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“

Фондацијата „Претприемачи Сервис за Млади“ одржа промотивна конференција која го означи почетокот на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“ кој е финансиран од Европската Унија.

На настанот присуствуваа претставници на невладини организации кои работат во полето на младинското
претприемништво, претставници на локалната самоуправа како и млади претприемачи од повеќе градови од
Македонија.

Главната цел на проектот, споредоваа организација е да допринесе кон развојот на мултикултурната демократија и стабилност во државата преку јакнење на капацитетите на граѓанските организации и младите претприемачи од различни етнички групи за поголема соработка и координација во областа на претприемништвото.

„Проектот ќе започне со спроведување на истражување на потребите и предизвиците на младите претприемачи од различни етнички групи кое ќе даде увид во сличностите и разликите помеѓу младите од различни етнички групи за започнување на бизнис.

Во рамки на проектот ќе бидат организирани т.н. „мултиетнички претприемачки кампови“ кои ќе ги зближат младите претприемачи со претставниците на граѓанските организации и единиците на локалната самоуправа од различна етничка определба кои преку работилници за јакнење на капацитетите и културни активности ќе се запознаат со различните културолошки карактеристики на секоја етничка група со цел поголемо вмрежување и поинтензивна меѓуетничка соработка.

Како еден од инструментите за зајакнување на меѓуетничка соработка на локално ниво проектот ќе воведе и фонд за финансирање на проекти на граѓански организации кои во соработка со општините ќе имплементираат активности за промоција и поддршка на мултиетничкото претприемништвото. Проектот ќе биде имплементиран во наредните 24 месеци од страна на партнерските организации „Фондација Претприемачки Сервис за Млади“, „Фондација за Менаџмент и Индустриско Истражување“, „Фондација Евро Центар“ и „НВО Милениум“, се вели во соопштението.