Започна кампањата „За нација без дискриминација“

Започна кампањата „За нација без дискриминација“, дел од заедничкиот проект на ХЕРА, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и Комисијата за заштита од дискриминација. Целта на кампањата е подигнување на свеста кај сите граѓани, со цел намалување на дискриминацијата по сите различни основи, особено на бришење на сликата која со години е создавана за лицата со различна сексуална ориентација.

Кампањата е дел од проектот ,,Зајакнување на владеењето на правото за заедницата на ЛГБТ граѓани“, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.

Онлајн образец за поднесување на претставки за дискриминација е достапен тука. Протоколот за утврдување на постапката за постапување во случаи за заштита од дискриминација може да го најдете тука.