За три децении за 12 пати намалено патувањето со воз 

Изблиците на неизмерна среќа кога се дочекува некој близок, тажните збогувања низ солзи со оние што патуваат далеку, испраќањето во војска, или пак, на студии во странство, бакнежите, прегратките, солзите, смеата веќе не можат да се забележат на пероните на една од најголемите железнички станици на Балканот, објави Мета.

На скопската железничка станица нема повеќе испраќање на шопинг во Трст или во Солун, на одмор во Сплит или во Бар. Сите овие места ги поврзува возот како превозно средство и некогашните навики на македонските граѓани да патуваат со него.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат фрапантно намалување од 12 пати кај бројот на превезени патници во 2018 година во споредба со 80-ите години на минатиот век.

Лани возот како превозно средство го користеле околу 540 илјади патници, што е за околу 40 илјади повеќе во споредба со 2017 година. Но, овие бројки се многу помали од пред три децении, кога со воз од македонските железнички станици заминувале меѓу 5 и 7 милиони патници годишно. Распадот на Југославија го означува и крајот на „златното доба“ на железницата.

Целиот текст може да се прочита на Мета