За прашањата за екстерното тестирање до МОН стигнале 3.461 коментар

До крајниот рок за забелешки на прашањата за екстерно тестирање до Министерството за образование и наука стигнале 3.461 валиден коментар. Министерот Спиро Ристовски на прес-конференција соопшти дека тие ќе бидат земени предвид и дека нивниот процент е мал во однос на половина милион прашања по сите предмети и струки внесени во системот, пренесе МИА.

За прашањата за екстерното тестирање до МОН стигнале 3.461 коментар

– Најголем дел од коментарите се однесувааат на потребата од појасно поставување определено прашање или поправилно преведување на прашањето, посебно кај проблемските задачи по математика, но има и за појаснувања на прашања по англиски јазик и по историја. Генерално, ако земеме предвид дека на приближно половина милион прашања имаме 3.461 коментар, тоа е многу мал процент. Сите валидни коментари ќе ги земеме предвид и ќе ги коригираме. Најголем предизвик беше процесот да биде максимално транспарентен и мислам дека излеговме во пресрет на учениците, рече Ристовски.

Покрај валидни коментари, до МОН стигнале и неиздржани забелешки кои според Ристовски, воопшто не се однесувале на содржината и квалитетот на прашањата.