За два дена Windows 10 е инсталиран на 14 милиони компјутери

Windows 10 се најде на повеќе од 14 милиони компјутери откако пред два дена компанијата ја пушти најновата верзија.

„И покрај тоа што сега имаме повеќе од 14 милиони компјутери со инсталиран Windows 10, се уште имаме многу пред да постигнеме со секој од вас кој направил резервација“, напиша компанијата на својот блог.

Последната верзија наиде на позитивни критики, но и на проблеми со кои се соочиле корисниците при инсталирањето на системот, како и на одредени апликации.

Microsoft цели кон тоа Windows 10 да се инсталира на една милијарда компјутери во наредните години. Компанијата сака да го постави својот оперативен систем како продукт кој постојано се надоградува.