„Whitesnake“ во ноември доаѓаат во Скопје

Една од најголемите рок атракции „Whitesnake”, ќе настапи во Скопје на 25 ноември. Концертот ќе се одржи во салата „Борис Трајковски”, во организација на музичката продукција Авалон.

Скопје е еден од градовите кои се вклучени во светската турнеја на рок бендот. На турнејата, групата ќе го промовира својот последен албум „The Purple album” кој во мај беше пуштен во продажба.

„Овој албум го издавам во знак на голема благодарност спрема групата Deep Purple. Како што неодамна му реков на Richie – вие момци ме однесовте на неверојатно музичко патување кое сеуште трае и благословен сум што ве имав за учители! Едвај чекам да ги отпеам овие прекрасни песни во живо и да запловам со фановите во Purple магија!“, изјави за албумот David Coverdale, фронтменот на групата.

Билетите за концертот се веќе пуштени во претпродажба.