Whitesnake во јуни доаѓаат во Белград

По две години од нивниот последен концерт во Белград, во организација на Авалон продукција, британските рок-легенди Whitesnake годинава повторно доаѓаат во српската престолнина. Концертот ќе се одржи на 14 јуни на Калемегдан, кој е во склоп на нивната светска турнеја „Year of the Snake“. Билетите се во продажба од утре (7 февруари) по цена од 18 евра (партер), 27 (фан пит) и 32 евра (ВИП трибина).

Whitesnake во јуни доаѓаат во Белград

На барање на фановите, фронтменот на бендот Дејвид Ковердејл успеа да го убеди тапанарот Томи Олдриџ да се врати повторно во бендот.„Кога ги прашав членовите на бендот  кој им бил омилен тапанар на Whitesnake, сите едногласно рекоа Томи, во што и фановите ги поддржаа. Судбина е повторно да соработуваме“ изјави Ковердејл.

Според тоа, на претстојниот концерт фановите можат да се надеваат на хитови од ерата на Deep Purple, како што се, „Soldier of Fortune“, „Burn“ и „Stormbringer“, но и хитовите од Whitesnake, „Love ain’t no stranger“, „Give me all your love“.