WhatsApp отсега има опција и за видео повик на Андроид

Новите бета верзии на апликацијата WhatsApp отсега вклучуваат видео повици. Новата опција е лесна за користење, со тоа што се одбира одреден контакт во апликацијата, се притиснува копчето за повик и се одбира „видео повик“.

По ова, започнува разговор слично како FaceTime, и притоа на соговорникот му пристигнува известување во случај да не ја ажурирал апликацијата. Засега е достапна верзијата 2.16.318, а квалитетот на повикот е добар.

Со повеќе од милијарди корисници, WhatsApp може да биде голем конкурент на апликацијата Duo на Гугл, чија цел се единствено видео повиците.

WhatsApp, која е во сопственост на Фејсбук, во изминатите месеци ги подобрува своите производи, додавајќи нови опции, можност за цртање и стикери на фотографии, слично на Snapchat. Исто така, тестира јавен „чат“ кој наскоро може да биде достапен.