Втора „LOOK BEYOND“ конференција на 22 октомври во Куманово

Започна регистрацијата за учество на втората „LOOK BEYOND“ младинска конференцијата, која ќе се одржи на 22 октомври во културниот дом „Трајко Прокопиев” во Куманово.

Како што информираат организаторите, Центарот за меѓукултурен дијалог, „Look Beyond 2“ е целодневна конференција која ке ја анализира темата: Инклузивно младинско учество во разнолики општества. Таа ке ги анализира бенефитите од инклузивни политики за млади, од инклузивно работење на младинските организации и ке претстави разни можности и практики за како нашата работа да биде поинклузивна.

Конференцијата е насочена кон претставници на граѓанските младински организации, младински работници, активисти и сите млади луѓе. Регистрацијата за учесниците е задолжителна и отворена до 18 октомври, на http://lookbeyond.cid.mk/registration/