„Востание“ со нови изданија на домашни бендови на 20 декември

Четири домашни бендови ќе се претстават со своите нови музички дела на петтото издание на фестивалот „Востание“.

На 20 декември во Младинскиот културен центар во Скопјесо почеток од 19 часот, јавноста ќе може да ги слуша „Shock Troopers, Последен УдарShort Fuse Hero и Conspiracy.

Покрај нив, специјален гостин е американскиот бенд First Blood. Бендот е активен од 2002 во Сан Франциско, Калифорнија, и со себе носи бескомпромисен, моќен и суров хардкор/метал. Низ своите 17 години постоење, бендот издаде три студиски албуми и направи безброј турнеи низ целиот свет.

„Домашните машини Shock Troopers имаа одлична година. „Глуво Доба” излезе на плоча преку Diehard records, промовираа во МКЦ и заминаа на Европска турнеја. За само две години Последен Удар успеа да се постави како доста сериозен бенд. По одличното „EP”, летово го само-издадоа албумот „Не Сме Како Вас” и ќе го рокаат во живо на Востание 5. Short Fuse Hero по кратка студио пауза повторно на сцена. Во меѓувреме снимија ново „EP” и лансираа спот за „Кој Ве Ебе”. Свежата крв Conspiracy го издаде својот деби албум „Dehumanized“ пред неколку месеци“, стои во најавата за фестивалот.

Картите во претпродажба на билетарата во МКЦ се по цена од 350 денари, а на врата ќе бидат 400 денари.