„Востание фестивал“ по четврти пат во МКЦ

Во Младинскиот културен центар на 14 декември ќе се одржува четвртото издание на фестивалот „Востание“.

За фестивалот се најавени европските хардкор легенди „Born from pain“, белградскиот состав „Violent chapter“, скопските панк-рокери „Флукс“ и емо-скримо-хардкор составот „You“, потоа битолчаните „Against them all“ и мелодичниот дет-треш состав  „Triggered“ од Куманово.

Вратите за фестивал ќе бидат отворени од 18:30, а почетокот е од 19 часот.

Билети во претпродажба на билетара во МКЦ по цена од 350 денари. На ден на концерт е 450 денари.