Во пожар изгоре градинката „8-ми Март“ во Шуто Оризари

Градинката „8-ми Март“ во Општина Шуто Оризари целосно изгоре во пожар.

Од полицијата велат дека пожарот пламнал во 1.20 часот и го гаснеле дваесетина пожарникари. Неколку часа сообраќајот по главната улица во населбата бил пренасочен. Причината за пожарот засега официјално не е позната, пренесуваат медиумите.

Телевизија Шења објави дека стапиле во контакт со градоначалниот Елвис Бајрам, кој не знаел што го предизвикало пожарот, но дека првичните сомненија се дека се запалило горивото за греење на градинката од нешто фрлено во кантите за ѓубре.

Градинката сместувала 150 деца и од Општината се надеваат дека со помош на надлежните министерства ќе се изгради нова градинка, што е можно побрзо за потребите на децата.