Во Норвешка е отворено првото кино за кучиња

Повеќе од 35 кучиња, придружени со своите сопственици беа дел од отворањето на првото кино наменето за овие миленици во Осло, Норвешка.

На отворањето на киното се прикажуваше новиот документарен филм на американскиот режисер Лори Андерсон „Heart of a Dog“.

„Јас сум многу приврзана со кучиња, така што ова беше возбудливо, вистинско уникатно филмско искуство“, објасни Мариан Зека, менаџер на киното.

Таа вели дека немало ограничувања во однос на возраста на кучето, но тие морале да бидат во придружба на сопствениците. За време на проекцијата, музиката била потивка од обично, а светлото било намалено, за да не се уплашат кучињата.

Киното обезбеди и пуканки за кучињата, а им било дозволено и да излезат за време на проекцијата ако станат немирни.

Ова е првпат да се организира вакво нешто во Норвешка, иако идејата веќе е популарна во неколку држави како Австрија, Шведска и Велика Британија.