Во недела забрана за сообраќај до Средно Водно

Поради 17. Европско првенство во планинско трчање кое на 1 јули ќе се одржи на Водно, со почеток од 900 часот, за време на натпреварот ќе има ограниченост и забрана за движење на возила.

Како што информира организаторот, Атлетската федерација на Македонија, кај Турската резиденција затворена ќе биде улицата „Тодор Александров“ која води до Средно Водно, а затворена ќе биде и улицата која води од Горно Нерези до Средно Водно кај Ресторан Кна.

Забраната ќе важи за сите возила, освен за редовните линии на ЈСП Скопје, кои ќе се обраќаат по нивната редовна рута.