Во Лас Вегас се отвора Музеј на марихуаната

Стаклен бонг поголем од жирафа. Вештачки туфки од марихуана што може да се гушнат. Базен полн со цветови на марихуана од пења.

Ова може да се види во најновата атракција на Лас Вегас, но и на Инстаграм – музеј кој слави сѐ што е поврзано со канабис.

Никој нема да смее да запали џоинт кога в четврток ќе се отвори „Канабишн“, поради забраната за јавно консумирање марихуана во Невада, но посетителите ќе можат да научат многу за канабисот додека фотографираат наоколу.

Фото: АП

Ова е музеј прилагоден за социјалните мрежи, а секоја поставка е осветлена на тој начи/ што не треба да се користат филтри за селфи.

Музејот ќе ги прими првите посетители 15 месеци откако Невада ја легализираше продажбата на канабис за лични потреби, која ги надмина сите очекувања на оваа американска државата.

Според основачот на музејот, целта е да се тргне стигмата од користењето канабис.

„‘Канабишн‘ не е наменет само за оние кои консумираат марихуана, туку и за луѓето кои сакаат да научат нешто за неа и за оние кои сакаат да видат кул уметничко искуство“, вели Џеј Џеј Вокер.