„Во длабоко и танцувајте“ – изложба на Весна Стефановска во МСУ

Од 4 до 23 септември, во Музејот на современата уметност во Скопје ќе се одвива првиот мултимедијален настан „Во длабоко и танцувајте (In deep and dance), на уметницата Весна Стефановска.

Изложбата содржи десетина дела на авторката од 1998 година меѓу кои инсталации во простор, видео инсталации, перформанс и „ready made содржини, групирани, артикулирани во циклусите „Отсуство“ (Absеnce), „Возови рефлексии“ (Train reflections), „Дојдете да видите како пoминува времето“, (Come and see the time go by), „Ничија“ (Nobody’s) и „Часовник“ (Timе piece). Како и премиерата на првата инсталација и перформанс од делото „В кревет“ (Bed time) истражување на човечкиот однос кон подсвеста и интимноста.

Во сценографија конципирана од самата авторка, оваа изложба го прегрнува речеси целиот нејзин yметнички опус ставајќи го акцентот на делата реализирани од почетокот на 2000-тe години и група нови досега неприкажани дела.

Паралелно со поставката во Музејот за современа уметност а во рамки на изложбата „Во длабоко и танцувајте“, уметницата нуди две инсталации во јавен простор под наслов „Возови рефлексии“ (Train Reflexions) во Старата железницка станица и „Oтсуство“ (Absence) на друга локација во градот, трансгресирајќи ги на тој начин границите помеѓу ентериер и екстериер, тука и таму, отворен и затворен, личен и јавен простор. Како дел од овој пристап кон просторот инсталацијата „Oтсуство“ ќе биде реализирана во повеќе збратимени градови на Скопје во странство и на пошироко интернационално ниво.

Изложбата е реализирана со поддршка и соработка со Музејот за современа уметност, Градот Скопје, Министерството за Култура на Република Северна Македонија и Францускиот Институт во Скопје.

Ова ќе биде нејзината втора самостојна изложба во земјава, по изложбата „Прозорец“ реализирана во 1997 година. Таа учествувала и во изложбата „Нарцисизми“ во 1999 година и перформансот „Ничија“ пред Универзалната сала во 2018 година.