Во Центар започнува летниот театарски фестивал за деца „Жапчиња 2017“

Општина Центар и годинава за сите деца кои остануваат во градот на овие летни температури, го организира театарскиот фестивал „Жапчиња“.

Изминатите години проектот „На одмор сум, во Скопје сум, општина Центар мисли на мене“ се одржуваше во паркот во Капиштец, а годинава освен во овој парк, претстави ќе се одржуваат и на неколку локации во Градски ѕид.

Летниот мини театарски фестивал „Жапчиња 2017“ е во организација на Општина Центар во соработка со здружението „Култи-ватор“ и театарот „Арт Вени Види“.

Фестивалот започнува вечерва (19:00 часот, паркот во Капиштец), а децата, но и нивните родители, баби и дедовци, ќе може да уживаат во приказната и случките на „Убавата принцеза Галена“.

Следните термини ќе бидат во јули и август и се резервирани за преставите „Солта е поскапа од златото“, „Верче-Ѕверче“ и „Двете самовили“.