Владата сè уште не прецизирала колку ќе чинат прославите најавени за сабота

Голема граѓанска прослава во сабота, во 15 градови ширум земјата, денеска најави Владата на Република Македонија преку социјалните мрежи. Сепак, од Владата сè уште немаат информации за тоа како ќе се финансира прославата и колку ќе ги чини македонските граѓани.

„Точно е дека има програма, меѓутоа сè уште не се прецизирани сите детали и сите аспекти“, вели за Радио МОФ владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

„Во наредниве денови, кога ќе ги прецизираме сите информации во однос на прославата ќе ја информираме јавноста во целост, се разбира преку вас медиумите“, појаснува Бошњаковски.

Прославата е најавено дека ќе се одржи за два дена, на 14 јули. Притоа, во 15 градови во земјава ќе настапат повеќе од 40 домашни музичари.

„Ве покануваме оваа сабота, на 14 јули, да се обединиме и заедно да го прославиме историскиот успех на Македонија. Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ!“, се вели во најавата на социјалните мрежи.