Визуелно-книжевен експеримент „Пиктографи“ на 5 февруари во „Гаврош“

Во кафе-книжарницата „Гаврош“ во среда (5 февруари) ќе се одржи првото издание на визуелно-книжевениот експеримент „Пиктографи 01“.

На настанот ќе настапат илустраторот Ване Костуранов и авторите Билјана Црвенковска, Ника Гавровска и Владимир Мартиновски.

„Концептот е едноставен. Секоја недела ќе настапуваат по еден илустратор и тројца гости автори на приказни. Тие ќе имаат половина час да напишат текст врз база на една иста илустрација. На крајот на вечерта публиката ќе слушне три различни видувања на една иста слика“, се вели во најавата за „Пиктографи“.

Играта ќе биде отворена и за сите присутни во кафе книжарницата „Гаврош“ од 20 часот.