Викиликс објави повеќе од 1000 мејлови од Хилари Клинтон за војната во Ирак

Вкупно 1258 мејлови од Хилари Клинтон во врска со војната во Ирак беа објавени на Викиликс во понеделникот.

Веб страницата „твитна“ линк до мејловите вчера. Се работи за пораки кои Клинтон ги испраќала за време на нејзиниот мандат како секретар на државата. Според објавата, мејловите биле собрани од Стејт департментот на САД, откако одобриле барање според Актот за слобода на информирање во февруари.

Основачот на Викиликс, Жулиен Асанж претходно тврдеше дека неговата веб страница има доволно докази за ФБИ да ја истражуваат кандидатката за претседателка на САД.

„Може да продолжиме додека не дојде до обвинение, но додека Лорета Линч е на чело на Департманот за правда во САД, нема да ја обвини Хилари Клинтон. Нема шанса тоа да се служи“, вели Асанж.

Извор: Independent