Викендов започнува тринаесеттиот Zagreb Film Festival

 

Во сабота (14 ноември) во Загреб започнува 13. издание на Zagreb Film Festival. Осумдневната програма во кината „Европа“ и „Тушканац“, како и неколку алтернативни локации во градот носи филмови од најпрестижните фестивали, како Венеција и Торонто и од партнерскиот LIFFE од Љубљана

Меѓу насловите од годинешната понуда се програмата „Големите 5“ која ги носи актуелните остварувања на петте најголеми европски кинематографии – Шпанија, Франција, Италија, Германија и Велика Британија, потоа Главната натпреварувачка програма со вкупно 14 наслови, детската програма „Коцкички“, програма на дебитанти, кратки филмови, кои се натпреваруваат за главните награди „Златна количка“.

Целата програма може да се погледне ОВДЕ.

Еден од ексклузивните настани е ретроспективата на филмови од Орсон Велс по повод стогодишнината од раѓањето и триесетгодишнината од смртта на големиот режисер и актер, како и ревијата на хорор филмови од источна Европа.

За фестивалскиот плакат оваа година е користена фотографија на хроничарот на Загреб, Тошо Дабац, снимена 1939 година во непосредна близина на тогашното кино „Балкан“ (денешно „Европа“), главната фестивалска локација.

Е.Д.