Викендов во Скопје ќе се доделуваат Македонските алтернативни награди

Македонските алтернативни награди, настан кој го организира интернет-порталот Бла Бла, ќе се одржи во сабота (28 мај), на познатата Школка во Градскиот парк во Скопје. Манифестацијата се одржува втора година по ред, а организаторите најавуваат дека ќе ја доделат наградата за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена на 15 истакнати музичари и уметници (лани ја добија 34-ца). Посебно признание, според најавите, ќе му биде доделено на Игор Џамбазов, кој, како што велат оргснизаторите, и покрај тоа што е дел од естрадата и мејнстримот, заслужува и награда за своите алтернативни дела. Гласањето за номинираните во повеќе категории е се уште отворено на blabla.mk.