Викенд предавања во Планетариум

Скопско астрономско друштво повторно oрганизира серија предавања во Планетариумот во Скопје кои ќе се одржат на 1 и 2 февруари и тоа во два термини од 18 и 19 часот.

„На предавањата ќе можете да се видите симулација на ноќното небото ослободено од облаци и светлосно загадување. Нашиот член и предавач Радан Митровиќ ќе ве запознае со најинтересните и најважните соѕвездија и објекти, како и со календарите и нивната поврзаност со ноќното небо“, стои во најавата за предавањата во Планетариум.

Секако, велат од Астрономското друштво, централна улога има Планетариумот и неговата волшебна способност да го долови ноќното небо со преубав приказ на ѕвездите, да покаже како се менува кога се наоѓаме на разни позиции на Земјината топка, но и да го забрза текот на времето, а со тоа и движењето на ѕвезденото небо над нас.

Предавањата се адаптирани за лица над 10 години.

Планетариумот е во состав на Младинскиот културен центар (МКЦ), а влезот е од страната која гледа кон Македонската радио телевизија.