„Викенд на шпански филм“ од вечерва во Крива Паланка

Општина Крива Паланка во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија од вечерва до вторник, 11 септември, организира филмски циклус – проекција на Шпански филмови.

Проекциите ќе отпочнат со филмот „Среќни 140“, а првата проекција е закажана за вечерва со почеток во 20 часот на плоштадот Карпошово востание, на отворената летна сцена во градот.

„Во периодот од седми до 11 септември кривопаланчани ќе можат да проследат пет современи остварувања на шпанската кинематографија, која важи за светски реномирана и високо ценета од филмските критичари, но и од публиката“, информираат од локалната самоуправа на Крива Паланка.

Доколку временските услови не се поволни, „Викенд на Шпански филм“ ќе се одржи во киносалата на Националана установа Центар за култура, Крива Паланка.

Влезот за проекциите ќе биде бесплатен.