[Видео] Масовен студентски марш во Скопје

Илјадници студенти, но и средношколци денеска излегоа да маршираат на улиците во Скопје против воведувањето државен испит. Тие тргнаа од платото на УКИМ, кон Собрание и на крај пред Влада, извикувајќи „ Која сила ќе го сопре гласот на студентите“, „Екстерно за Влада“, Ние сме студенти, не сме клиенти“, „Студенти, студенти, независни и силни“… со што го искажаа своето незадоволство.

Студентите се обратија пред платото на УКИМ, каде упатија порака дека овој марш е без етничка, политичка или религиска позадина и дека оваа реформа нема да донесе квалитетно образование. Пред Владата, пак, студентите најавија дека повторно ќе излезат на улица ако нивните барања не бидат слушнати.