[Видео] Виктор Мазнев – гласот на бездомните животни во Велес

Велешанецот Виктор Мазнев од своите 12 години собира бездомни кучиња на кои им пружи нега и им наоѓа семејство.  Низ неговиот дом поминале повеќе од 1000 кучиња и мачиња, па и магариња. Иако 19-годишниот активист заедно со здружението „Гласот на животните“ успеале да го намалат бројот на улични животни во Велес, борбата за правата на овие животни, Мазнев ја оценува како буре без дно. „Колку и да спасам кучиња, на улица ги има сè повеќе“, вели тој.

За пасијата на овој иден ветеринар може да погледнете во видеото на Емилија Петреска.