[Видео] „Супервенера“ – критика на идеалот за женското тело

Парискиот режисер и уметник Fréderic Doazan, користејќи интересни методи на анимација, ги испитува параметрите на женската убавина низ кусиот филм „Supervenus“. Користејќи една стара илустрација на жена како појдовна точка, тој тргнува на патот кон современиот идеал за женското тело: скалпел, липосукција, шминка и отстранување на сите „непотребни“ делови на телото.

[Видео] „Супервенера“ - критика на идеалот за женското тело

Француските медиуми го опишуваат овој филм како „интелигентен обид да се осудат начините на кои се диктира модерната женска убавина, со кои жените денеска редовно се соочуваат во медиумите“. Филмот досега е прикажан на неколку престижни фестивали во Европа и во Канада.

Извор