[Видео] String Forces со видеозапис за „Тишина“, вториот сингл од новиот албум

String Forces, групата која нешто повеќе од две децении опстојува меѓу предводниците на македонската современа музичка сцена, по композицијата „Ние сме“, го објави и вториот сингл од новиот албум насловен „Тишина“. Тие го промовираа и со видеозапис, направен во соработка со Тања Рибарска (видео, монтажа), Гоце Наневски (фотографија, видео), Кристијан Теодоров (Мелем продукција) и Виктор Битовски.