Бенџамин Шајн, уметник кој живее на релација Сиднеј-Лондон, привлече огромно внимание во јавноста со својата необична уметност покренувајќи нов правец во сликањето – пеглање на платно.
Неговото семејство се занимава со произведување на облека. И тој самиот одреден период работел во модна компанија, но неодамна решил своето внимание и време да ги посвети своите уметнички вештини на платно.
„Танц“ е еден од неговите најпознати дела, кое го направил на 2.000 метри ткаенина.
Своите дела, потрети и пејзажи на платно планира да ги претстави на изложба во Њујок.
Шајн, кој студирал дизајн во Лондон, има соработувано со големи модни куќи како што се Џон Галијано и Живанши.
За секое свое уметничко дело тој троши помеѓу 50 и 100 часа работа.