[Видео] Ротирачката скулптура на писателот Франц Кафка во Прага

Лоцирана во еден од трговските центри во Прага, оваа ротирачка скулптура со ликот на писател Франц Кафка е дело на контроверзниот чешки уметник Давид Черни.

Инсталирана во 2014 година, огромната биста се состои од 42 независно управувани слоеви од рефлектирачки нерѓосувачки челик и тежи околу 45 тони.

Брилијантното дело асоцира на Кафка и на неговиот живот исполнет со тортура и бројни премрежја. Черни веќе има направено слична ваква скулптура, наречена Метафорфозис, која функционира и како фонтана.