[Видео] Првите три седмици од животот на една пчела, во 60 секунди

Обидуваќи се подобро да разбере што се случува во текот на растењето на пчелите и како тие од јајца стануваат возрасни единки, фотографот Ананд Варма (Anand Varma) во соработка со една лабораторија за пчели, успева да ги сними првите три седмици во животот на пчелата.

Резултат од проектот е видеото од 60 секунди кое може да го погледнете во продолжение:

Варма и за ТЕД го објаснува целиот процес на реализацијата на овој проект. Првичната цел преку фотографирање на пчелите било да се увиди на кој начин тие влегуваат во интеракција со паразитите кои се закана за пчелните колонии.