[Видео] Природната убавина на Виетнам

Oliver Astrologo е авторот на ова видео, во кое се прикажани природните убавини на Виетнам. Тој пропатувал 1650 километри за да ги открие воодушевувачките убавини на оваа земја.

Тој ги посетил античкиот квартал Ханои, Заливот Халонг, пештерите во Транг Ан, трговците на ткаенина во Хои Ан, тајните храмови во внатрешноста на мермерната планина во Да Нанг, историскиот стар град Хуе, влажните и тропски делти и белите песочни плажи во Пу Квок.