Видео прикажува што гледаат бегалците на своите мобилни телефони додека транзитираат

Од 2015 година, па до денес, повеќе од милион жени, мажи и деца тргнаа во непредвидливи и опасни патувања за да стигнат до северните европски држави, користејќи неофицијални миграциски тури низ Медитеранското море и Југоисточна Европа. Видеото, изработено од Тео Ханидес, Никола Белеј и Дван Каоукји, ги прикажува искуствата на бегалците со средствата за комуникација, врз основа на интервјуа со 79 бегалци и 45 волонтери. Краткиот филм покажува колку нивните мобилни телефони се важна алатка и им помагаат за време на патувањата.